ВМРО-ДПМНЕ: Почетокот на јули е најповолниот датум за одржување на локалните избори
ВМРО-ДПМНЕ смета дека почетокот на јули е најповолниот датум за одржување на локалните избори бидејќи, како што велат, во интерес на граѓаните е час поскоро да изберат локална власт која ќе реализира проекти за нивните потреби.
- Парламентарното мнозинство сметаше дека нивен партиски интерес е да го пролонгира терминот и практично да го избере последниот што сметавме ние дека е рационален. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да излезе на избори и во јули и во октомври бидејќи знаеме дека народот е на наша страна и ја поддржува политиката која подразбира реформи, проекти и заштита на државните и националните интереси, рече на денешната прес-конференција Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.
Очекуваме, нагласи тој, новото парламентарно мнозинство овој пат да си остане на зборот, бидејќи во спротивно ризикува поради нивната неподготвеност да ја доведат во прашање локалната самоуправа како една врвна демократска придобивка и право на граѓаните.
- ВМРО-ДПМНЕ повторно посочува дека доколку парламентарното мнозинство собере храброст, најдобро за државата и за граѓаните ќе биде, да се согласат заедно со локалните, на ист трошок, да се организираат и нови парламентарни избори. Токму на ваков начин граѓаните ќе може да се произнесат и за постизборната измама која им ја спакува СДС во декември и да кажат што мислат за Тиранската Платформа која СДС ја прифати, истакна Данев.
СДС и неговите партнери, како што посочи, треба да ја прифатат реалноста и да го видат револтот на граѓаните поради нивната деструктивна политика. - Секој нов обид за неуставни и незаконски потези, само дополнително ќе ја продлабочат кризата во Македонија, додаде тој.
ВМРО - ДПМНЕ како што најави денеска не присуствуваше на координацијата во Собранието на Република Македонија. - ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека Талат Џафери не е избран во легална процедура за претседател на Собранието и тој таа функција само бесправно ја узурпира. Талат Џафери е избран на целосно незаконски, неуставен и неделовнички начин. Тој за ВМРО-ДПМНЕ останува само пратеник, бидејќи така е избран легитимно од граѓаните и ние тоа не го оспоруваме, рече Данев.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден