Македонија
30. јуни 2019 - 16:09

ВМРО-ДПМНЕ побара премиерот Заев да се произнесе за скандалот со Рашковски

Молкот на премиерот Зоран Заев отвора сомнеж дека тој го штити својот прв соработник, Драги Рашковски во скандалот со аудиоснимка на која наводно се слуша со местење на тендер за набавка на радарска опрема, обвинува опозциската ВМРО-ДПМНЕ. Од таму бараат оставка на Рашковски, како и случајот да биде преземен од јавното обвинителство.

„Ако авантата од 7 милиони која чувме од медиумите дека Рашковски ја договара не е точна зошто тогаш чекорите кои Рашковски ги договара по кои италијанската фирма го добила тендерот се вистинити. Зошто на снимката на Рашковски се договараат кои заклучоци ќе се донесат и доколку се провери дали навистина се донеле вистината е поразителна за оваа криминална власт... Заев бидејќи молчи очигледно и тој го штити исто како што го штитеше и Курто Дудуш. Молкот отвора сомнеж дали од договорената аванта имало и за првиот човек на владата!, вели Иванка Василевска 

Од владејчката СДСМ пак,се ставаат во одбрана на Рашковски дека тој само барал спроведување на постпаката со цел побезбедно македонско небо. Обивнуваат дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ шурува со луже кои ја загорзувале безбедноста на граѓаните.

  За овие луѓе веќе има соодветни пријави пред надлежните институции. Фактите потврдуваат дека нема никаква афера за местење тендер од страна на генералниот секретар на Владата.  Тоа го потврдува и снимениот разговор, според кој јасно се воочува дека намерно не е објавен во целост и не се зборува за манипулации со тендерска постапка.

Во одбрана на Рашковски со истите аргументи вчера  застанаа и од Владата.

Пред два дена во јавност, преку руски социјални мрежи, беше објавена аудио снимка на која се слуша првиот владин административец за набавка на систем за контрола на летање.

Тендерот е во вредност од 7 милиони евра, а го добива италијанска фирма. Парите се обезбедени преку  Европската Банка за Обнова и Развој (EBRD). Набавката е спроведена од М – НАВ – државно акционерско друштво за авио навигација.

Рашковски во снимката ветува измена на владина одлука за ретендерирање, но и за тоа како конкурентите на италијанската фирма треба да бидат извесетени дека изгубиле во набавката.

Генералниот секретар преку Фејсбук ја потврди автентичноста, но вели дека се работи за местенка од поранешниот директор на М – НАВ кој го одоговлекувал потпишувањето на Договорот, а разговорот снимен откако одлуката веќе била донесена. Детали за случајот ветува во вторник на прес-конференција.