ВМРО-ДПМНЕ: Платите во образованието да се усогласат со Колективниот договор, се друго е замачкување очи
Платите во образованието да се усогласат со Колективниот договор, се друго е замачкување очи, да се покачи и во здравството.
Со усогласување на платите со Колективниот договор во образованието, платите на наставниците, професорите и останатите во образованието треба да бидат до 45 илјади денари, бидејќи е нелогично асистент на факултет да има плата од 23 илјади денари, што е само нешто над минималната, а истиот тој човек инвестирал во своето образование и е магистер и со запишан докторат.
Зголемување на платите треба да се направи и во здравството, но и во другите сектори кај што вработените земаат плати кои се нешто над минималната плата во Македонија.
Сите граѓаните го чувствуваат по својот џеб каков драстичен пад на стандардот се случува и неправедно е некои од нив да не го добијат покачувањето на платите кое го заслужуваат. Во услови кога основните животни продукти поскапеа за над 30%, а горивата за 70%, во услови кога се зголемија сметките за струја и сите трошоци за живот, сите граѓани заслужуваат да земаат повисоки плати согласно сложеноста на работните места и обврски.
Ново на Сител
-

Урбан Драјв Фестивал на Мото Илинден за поголема безбедност на моторциклистите
-

Тема на денот со Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Бугарија ги пречека останките на Цар Самоил со државни и воени почести
-

Горивата поевтинуваат од следната недела, се преговара со ОКТА за дополнителен попуст
-

Минчев од Националната академија за јавна администрација на Италија
-

Продолжува пензионерскиот „бунт“ во Свети Николе
