ВМРО-ДПМНЕ: Партиските вработувања пред избори нема да ја спасат власта од пораз
Огласот на ЕСМ, за над нови 500 партиски вработувања, во оваа институција, е само очајнички обид на Ковачевски, Ахмети, Груби и Спасовски, колку толку, макар и за еден промил, да го ублажат поразот, на изборите во мај, кој ги чека.
Оглас за вработување, на над 500 луѓе, во само една институција и тоа на само еден месец од формирањето техничката влада, е ништо друго, него класичен обид за вработување на партиски војници, каде платите за овие објавени позиции се движат од 30 до 60 илјади денари.
Ако на народот веќе не му е јасно, зошто ги немаме почнато преговорите за влез во ЕУ, еве ова е еден класичен пример, како настрана, корупцијата и криминалот и со вакви потези, се руши кредибилитетот на државата.
Оваа власт, на чело со ДУИ и СДС, по катастрофалниот пораз на изборите, ќе бидат запаметени, како најголем кочничар на Македонија, на патот кон ЕУ.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Синер суспендиран на три месеци
-
Шолц: Германија не прифаќа странско мешање во нејзината демократија
-
Пожар во семејна куќа во Куманово
-
Мареј ќе остане тренер на Ѓоковиќ на неодредено време
-
Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајка во Албанија, едно лице загина
-
24-годишна велешанка осомничена за серија кривични дела во само пет дена
-
Денеска се празнува Сретение Господово
-
Во Кисела Вода почнува акција за бесплатно собирање кабаст и електронски отпад