ВМРО-ДПМНЕ: Парламентарното мнозинство да овозможи одржување локални избори
ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ, како што стои во соопштението, наместо да се занимава со политиканство и опструкции, во најбрз можен рок заедно со парламентарното мнозинство да овозможи одржување на локални избори, кои се неопходни.
- СДС наместо да ја замајува јавноста, треба да овозможи непречено функционирање на единиците на локалната самоуправа до одржувањето на локалните избори, кои не смеат да трпат одложувања.
СДС треба да го надмине стравот и да покаже барем малку доблест и да се соочи со граѓаните на избори, стои во соопштението.
Ниту Никола Груевски, ниту ВМРО-ДПМНЕ, како што се наведува, се виновни затоа што СДС го пролонгира одржувањето на локалните избори.
- Стравот во редовите на СДС од соочување со граѓаните, кои ги разгневија со своите антидржавни политики е главниот виновник за кукавичкиот однос на СДС. Добивањето на мандат на никаков начин не е поврзано со правото на граѓаните да имаат функционална локална самоуправа. Дилемите на Заев и СДС какви обврски презеле од тиранската платформа и какви гаранции може да му понудат на претседателот Иванов не се на никаков начин поврзани ни со ВМРО-ДПМНЕ, ни со Груевски, посочуваат од партијата.
Ново на Сител
-
Лавров: Западот се обидува да спречи формирање на мултиполарен свет
-
Сѐ уште активни пожарите во Илинден, Долнени и Липково, пожарите на Кожуф, Јасен и Вардариште ставени под контрола
-
Активни шест пожари, три под контрола
-
Истрага против дилер на марихуана во Скопје
-
Археолошкиот локалитет Стоби привлечен за странските туристи – Американците најбројни посетители
-
Нема листа на метар, малку независни
-
Висока делегација на Вооружените сили на Романија од утре во официјална посета на Армијата
-
Путин: Русија ги поддржува иницијативите на кинескиот лидер за глобално управување