ВМРО-ДПМНЕ: Палењето на возилата во Прилеп покажува дека владее беззаконие кое Спасовски го тoлерира
Заканите и палењето на возила во Прилеп покажуваат дека во оваа земја подземјето и власта се во коалиција. Како поинаку да се толку фактот што наместо вистинските организатори и поттикнувачи на овие акти на закана, се апсат тривијални ликови.
Палењето на три возила запомалку од еден месец, меѓу кој и возилото на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески кој јавно кажа дека е против бугарските ултиматуми, покажуваат дека во државата владее беззаконие кое Спасовски го телерира, па дури и го стимулира.
Полицијата за жал се претвори во нем свведок на криминалот кој владее со земјата. Тоа е така затоа што некои високи функционери ги мотивираат криминалците да прават дела против оние кои размислуваат поинаку од власта, а за возврат добиваат заштита.
Ова ќе престане, а извршителите и нарачателите на ваквиот криминал ќе одговараат. Нема Македонија да биде заложник на оваа криминална власт и нивните пријатели од подземјето.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Се уште активен пожарот кај Василево, ќе интервенира хеликоптер на МВР и ЕР Трактор
-
Почнува кампањата „Македонско најдобро“
-
И лозарите од штипско незадоволни од понудените откупни цени за грозјето
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода