Македонија
15. April 2022 - 12:42

ВМРО-ДПМНЕ: Ова е влада која ги нарекува убијци наставниците кои бараат повисоки плати

Ова е влада која наставниците кои бараат повисоки плати ги нарекува убијци.

Ова е влада во која министерот на МВР се слика со началникот кој зема мито.

Ова е влада во која генералните секретари се најголеми криминалци, и местат милионски тендери.

Ова е влада која нема никаков проблем со тоа што е составена од политичари кои се на црната листа на САД, како што се Мендух Тачи и Љубе Бошкоски.

Ова е влада која дава тендери на фирми кои се анти НАТО.

Ова е влада која троши милиони на непродуктивни трошоци, во сред криза.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ