ВМРО-ДПМНЕ: Освен матни софтвер иновации, со Рашковски се поврзува и милионски тендер во Дрисла
СДСМ молчат за скандалот со фирмата блиска до Рашковски која што земала тендери од 850 илјади евра од Дрисла. Фирмата Алпима Градба од Струмица во 2019-та и 2020-та изнајмувала машини во Дрисла во износ од скоро еден милион евра. Оваа фирма е во сопственост на Пипервалиев, човек близок до Драги Рашковски, омилениот лик и десна рака на Зоран Заев.
Овој договор е склучен во четири очи веднаш штом Дрисла стана јавно претпријатие, без јасни критериуми. Како да нема друга компанија во Скопје и во Македонија која има механизација која може да биде ангажирана на Дрисла, па морала да биде ангажирана компанија од Струмица, во сопственост на човек близок до Рашковски.
Ете како власт на заевизмот во екот на здравствената криза делела матни тендери во износи од речиси милион евра на фирмa блискa до функционери на власта. Ова е уште еден показател дека Зоран Заев го преслика на централно ниво системот на испумпување на народни пари кој што го применуваше во Струмица. Тандемот Заев и Рашковски одлично функционирал, штом фирми блиски до нив добивале тендери од софтвер, па се до депонии. За ваквите зделки мора да има одговорност од сите чинители, затоа што недомаќински се трошеле парите на народот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-
Средба Мицкоски - Таравари ќе има, Ахмети не разговарал со Алијанса за општини
-
Фетаи со честитка за „Слободна зона Карадак„ - Избриша видео со знаме на голема Албанија
-
Мерките завршија, граѓаните стравуваат од нагло поскапување во маркетите
-
Јавниот долг на најниско ниво во последните 5 години
-
Македонија падна за шест места на Индексот за слобода на медиумите
-
Протест на вработените во Зоолошка градина - Тврдат дека немаат земено плата за март, останале и без здравствено осигурување
-
Преглед на вестите од светот