Македонија
18. August 2018 - 11:34

ВМРО-ДПМНЕ: Односот на Заев кон АРМ не е искрен

За жал Зоран Заев и Радмила Шекеринска и удираат шамар на АРМ.

Додека Зоран Заев прави неискрени хвалоспеви во реалноста удира по столбот на државноста, армијата на Република Македонија.

Додека Зоран Заев вели дека бил за НАТО, со ваква криминална власт НАТО е се подалеку. Ова е влада која успеа дури и од пропаднатата прослава за НАТО да пере пари изразено во илјадници евра.

И додека и Шекеринска и Заев сакаат да се сликаат со војниците, во реалноста тие се оставени на цедило и нема пари дури за нивен превоз. Тие од свој џеб си плаќаат за нешто што е обврска на државата. А да не збориме за лошата исхрана на војската додека министерката со државни хилихоптрери се развозува на скапи ручеци.

На крај односот на Заев спрема АРМ не е искрен. Не може да кажува дека ја почитува улогата на АРМ, а со договорот во Грција ќе го промени нејзиното име што е основно идентитетско обележје и дел од институционалниот идентитет како најзначајна компонента од националниот идентитет на нашата држава и народ, стои во соопштението испратено од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ