ВМРО-ДПМНЕ обвинува за партизација на државата
Емилија Александрова од ВМРО-ДПМНЕ денеска од пред ЕУ Инфоцентарот обвини дека започнале чистките и бруталната партизација на државата од страна на СДСМ, а за која сметката ќе ја плаќаат граѓаните со свои пари.
-Во буџетот за нови привремени вработувања и други ставки со кои ќе се финансира партизацијата се предвидени повеќе од 100 милиони денари. Со овие пари на граѓаните Заев ќе ги плаќа фактурите кон оние кои му помогнаа да дојде на власт преку насилство и на нелегален начин, истакнува Александрова.
Таа обвини дека без никаква законска основа се разрешуваат луѓе од своите работни позиции за кои имаат договори, а се вработуваат партиски послушници.
- Наместо со парите на граѓаните да се подига стандардот и квалитетот на услугите во државата, повеќе од сто милиони денари ќе бидат искористени за Заев да им се оддолжи и на овие профитери кои глумеа невладин коректив на власта, за да се дограбат до фотелји и позиции, вели Александрова.
Тие од Европската унија бараат да остане принципиелна и да го осуди грубото партизирање на државата кое, според нив, е спротивно на сите европски стандарди и искуства.
Ново на Сител
-
Секоја година се намалува бројот на првачиња во општините од истокот
-
Доколку продолжи деградацијата на езерото ќе исчезнат ендемичните видови
-
Преглед на вестите од светот
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани