ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека се креираат црни сценарија против нив
ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение оценува дека Владата наместо да работи на мерки за подобрување на животот на граѓаните, креира црни сценарија против раководството на партијата.
- Целата македонска јавност е сведок дека СЈО е нивна алатка и се обидува под притисок да го принуди судот да одлучува политички, против ВМРО-ДПМНЕ и раководството на партијата. По кој знае кој пат, СЈО докажува дека работи под диктат на раководството на СДС. Намерата на СЈО е очигледна. Тенденциозно, политички да се оцрни партијата и нејзиното раководство. Затоа СЈО бара мерки исклучиво против членови на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа се одземаат патни исправи само по партиска линија без никакви издржани аргументи, се вели во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ бара судот да ги отфрли барањата на СЈО и да донесе одлука со која ќе им се вратат патните исправи на лицата кои се опфатени со предметите на СЈО.
- Судот е свесен дека никој нема намера да ја опструира правдата и да бега затоа што не е сторен никаков криминал. Се е политичка конструкција на СЈО/СДС. Затоа и судот го отфрли барањето за притвор. Не постои опасност од бегство и нема потреба од одземање на пасошите. Со одлуката да не се изрече притвор, а да се одземат патните исправи се постигнува лажна неутралност која има директни политички импликации. Особено пред локалните избори се става во повластена позиција СДС, а политички се оцрнува ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Од понеделник потопло време со постепен пораст на температурата
-
40-годишна жена се удави во Дебарско езеро
-
Приведен малолетник од Скопје, со употреба на сила одзел пари од едно лице
-
Има одредени зголемувања на цените во малопродажба, во големопродажба цените се вратени како пред одлуката, вели директорот на ДПИ
-
Лос Анџелес се раздели со Оливие Жиру
-
Димитриеска-Кочоска: Проектот за пругата од Коридорот 10 е комплексен, до 7 јули банките треба да ги достават понудите
-
Приведен 41-годишен велешанец, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-
Умеров: Украина може да произведува четири милиони дронови годишно