ВМРО-ДПМНЕ: Нови избори и изјаснување за платформата
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува СДСМ и Зоран Заев доколку се сигурни дека прифаќањето на сеалбанската платформа е добро за иднината на Македонија и таа би била поддржана од граѓаните, да прифатат распишување нови избори на кои би се гласало и за платформата од Тирана.
- На декемвриските избори граѓаните не гласаа за платформата од Тирана. Таа или која било платформа изготвена во туѓа држава не може и не смее да стане услов за формирање на влада во Република Македонија, наведуваат ВМРО-ДПМНЕ во соопштение во кое додаваат дека СДСМ е уценет за да ја прифати платформата и да работи на изнаоѓање начини таа да се реализира.
Според нив помалку е важно со што е уценет Зоран Заев и СДСМ. - Многу поважно, наведуваат, е да се спречат последиците од уцената и спроведувањето на платформата кои ќе значат редефинирање на Македонија и носат ризик за да предизвикаат тензии.
- Доколку Зоран Заев не е сигурен во сопствениот рејтинг и поддршката, сметаме дека СДСМ треба да ја отфрли платформата и да се откаже од реализацијата на сите елементи од неа кои водат кон формирање бинационална држава. Во таков случај ВМРО-ДПМНЕ ќе му ги даде своите гласови на СДСМ за да формира влада, каква што сака, но без уцени и прифаќање платформи кои предизвикуваат далекусежни штети и ја претвораат Македонија од мултиетничка во бинационална држава, стои во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ, додаваат, чувстува обврска да ја почитува волјата на мнозинството граѓани кои гласаа за Коалицијата „За подобра Македонија“. - Заради почитта кон нив и нашата стратешка определба, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се донесат никакви решенија што се спротивни на државните и национални интереси, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Приведена битолчанка барана по потерница
-
Од Скопје до Париз нова линија со авиокомпанијата Изиџет
-
Село во јужна Италија „им забрани“ на жителите да се разболат
-
Скопје утрово со умерено ниво на аерозагаденост, прекинат прагот на алармирање во Струмица
-
Лиза Кудроу за скриената порака од Метју Пери
-
Поради зголемена бучава затворена авто-перална во Карпош
-
Мицкоски доби покана да присуствува на инаугурацијата на Трамп
-
Кривична за три лица за претепување на бездомното куче Феликс кое угина пред два дена