ВМРО-ДПМНЕ: Нови 13 советници на списокот на извршители на Заев ќе бидат плаќани со народни пари
Нови 13 советници од вчера се на списокот на извршители на Заев и СДС и ќе бидат плаќани со народни пари, изјави Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.
Таа побара одговори кои се овие лица, по кој основ се вработени во Владата, дали е точно дека меѓу нив има и лица кои биле гонети за кривични дела и во Македонија и во Германија и дали е точно дека „Заев и СДС вработуваат лица, гонети поради тоа што кај нив биле пронајдени психотропни“ дроги.
Не смее, рече Стаменковска, од работа да се бркаат квалитетни луѓе само затоа што биле неистомисленици со Заев и СДС, а на нивно место да се вработуваат партиски послушници, криминалци со психотропни дроги и улични војници на СДС.
- Срамно е 1.500 членови на сите управни и надзорни одбори на јавните претпријатија, здравствени установи, центри за социјална работа, агенции и други правни лица, без исклучок, да се сменети во една секунда, со што СДС и Заев ги парализираат сите правни субјекти, а на нивно место да се поставуваат уличните платеници и профитери, партиските војници на СДС и криминалци со психотропни дроги. Сите овие акции на СДС ќе ги платат македонските граѓани со повеќе од 100 милиони денари годишно, изјави Стаменковска.
Ново на Сител
-
Заврши општата расправа за законот со кој учениците од верските училишта ќе можат да полагаат државна матура и да се запишат на кој било факултет
-
Мицкоски: Пензиите ќе пораснат за нови 2.000 денари
-
Муцунски: Инвестиции, инфраструктура, подобар живот – надворешна политика што носи резултати
-
Социолошки поглед за модерен Центар | Горан Герасимовски | Неформално | Sitel Podcast 105
-
Владата со препорака за работодавачите во врска со топлотниот бран
-
САД по третпат го напуштаат УНЕСКО
-
Три лица се хоспитализирани - изгаснат пожарот што избувна во Кочани | ВИДЕО
-
Кремљ: Не очекуваме напредок во мировните преговори со Украина