ВМРО-ДПМНЕ: Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе привлече големи светски компании во Македонија

Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе привлече големи светски компании во Македонија, данок на добивка од 8% за профит од 20 до 30 милиони, 6% за профит од 30 до 50 милиони и 5% за профит над 50 милиони.
Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ има за цел да ја подигне Македонија од калта во која СДС и ДУИ ја втурнаа. Македонија ќе биде стабилна економија со предвидливост во даночната политика и ниски даноци за компаниите што заработуваат повеќе.
Според новата даночна политика за деклариран профит до 20 милиони евра данокот ќе остане ист, 10%, ако е реинвестиран, тој останува 0%. Секоја компанија без разлика дали е домашна или странска ако пријави профит од 20 до 30 милиони евра, данокот ќе биде 8%, од 30 до 50 милиони евра ќе биде 6%, а над 50 милиони евра данокот ќе биде 5%.
Со оваа политика компаниите ќе се мотивираат што повеќе да работат, но и ќе се демотивира во целост сивата економија. Државата ќе понуди предвидливост и сигурност, како за домашните, така и за странските инвеститори.
Ќе ја профилираме Македонија како држава со најнизок данок на добивка.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Штип: 21-годишник ја претепал поранешната сопруга и ја одзел нивната малолетна ќерка
-

Шлепувале „опел“ во кој имало 150 килограми марихуана, тројца скопјани уапсени кај Свети Николе
-

Бојан Маричиќ избран за нов претседател на ДИК
-

Приведени пет лица во село Брвеница, пронајдено оружје и дрога
-

Енрике: Целта на ПСЖ е директен пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите
-

Филипче: Поготвени сме за избори во кое било време
-

Судиите утре избираат член на Судскиот совет од немнозинските заедници
-

Оклахома поуспешна од Њу Орлеанс, Денвер загуби од Детроит
