ВМРО-ДПМНЕ: Ниту Заев, ниту Пендаровски, ниту Спасовски не смогнаа сили да се поклонат пред ликот и делото на Делчев
Ниту Зоран Заев, ниту Стево Пендаровски, ниту Оливер Спасовски не смогнаа сила да се поклонат пред ликот и делото на Гоце Делчев.
Јавноста заслужува одговор зошто ниту Заев, ниту Пендаровски, ниту Спасовски не положија цвеќе и не оддадоа почит на најголемиот македонски револуционер Гоце Делчев.
Дали можеби причата е согласноста со советникот на Пендаровски, Денко Малески за потеклото на Делчев? Можеби и кај нив се појавила совест па се свесни за злото кое и го нанесоа на македонската држава и македонскиот народ откажувајќи се од македонскиот идентитет, јазик, историја, откажување од сето она за кое Делчев се бореше.
Негаторскиот однос на соседите кон македонскиот идентитет е токму резултат на надворешната политика Заев и Пендаровски. Преговарањето околу македонскиот корен на Делчев кој е столб на современата македонска држава е срамно, Република Македонија не смее да дозволи истото да биде преговарано или договарано на зелена маса.
Делчев е човекот којшто обединуваше, тој загина за независна и суверена македонска држава, Делчев е Македонија.
Ново на Сител
-
Гужви во дежурниот педијатриски пункт во Бит пазар
-
Пожар во фабрика во Гостивар
-
Максимални затворски казни за превенција од родово базирано насилство
-
Дел од хотелите и рестораните под клуч
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бобан Стефковски, градоначалник на Гази Баба
-
Муцунски бара дијалог и взаемна почит - Георгиев внесување на бугарите во Уставот за отворање поглавја
-
Во Минхен средба Муцински-Георгиев – Мицкоски ќе се обрати на конференцијата утре