ВМРО-ДПМНЕ: Несоодветната постапка за работа на градинките го загрози здравјето на децата
Зоран Заев и неговата министерка за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска не знаат ништо друго освен да ги лажат граѓаните.
Заев и Шахпаска со несоодветната постапка и несоодветните протоколи за работа на градинките го загрозија здравјето на најмладата популација, на децата. Негрижејќи се за децата си поигруваат со родителите.
Знаат ли воопшто во владата предводена од СДСМ што е потребно да се направи за работата на градинките во ситуација на пандемија со КОВИД-19. Очигледно не, бидејќи со самото отворање на градинките се појавија проблеми, од ден на ден слушаме само за заболени деца и за заболени меѓу вработените. Бројот на заболени деца од ден на ден само расте.
Како што нема грижа за најмладата популација, така Шахпаска нема визија ниту за возрасните во земјава, за пензионерите. Досега владата на СДСМ само ги лаже пензионерите и нема ништо од ветуваното покачување на пензиите освен по некое фрлање трошки.
Корумпираната екипа на СДСМ ниту може, ниту знае да зборува за општество на еднакви граѓани и општество на социјална правда. Само за неколку месеци годинава без работа на улица останаа повеќе од 40 илјади граѓани.
Народот со корумпираната екипа предводена од Заев само осиромашува.
Мафијата, криминалот и владата кои се едно исто во Македонија мора да паднат.
Ново на Сител
-

Путин: Наскоро сите ќе возиме кинески автомобили
-

Во Франција денеска ќе бидат затворени повеќе од 400 средни училишта поради протести на учениците
-

86 кг храна годишно по жител завршуваат во отпад од македонските домаќинства - глобално пропаѓаат над милијарда оброци дневно
-

Посебен режим на сообраќај поради посетата на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен
-

Трамп: Можно е по изборите да го засилиме бомбардирањето на Иран
-

Во Кривичен суд продолжува судењето за „Државна лотарија“
-

Кратењето средства за ОН го доведува во ризик образованието на милиони деца бегалци
-

Сончево со мала до умерена облачност и студено утро
