ВМРО-ДПМНЕ: Нема никаква стратегија ниту функционален почеток на учебната година
Мафијата на власт не ја интересира ништо друго освен личното богатење.
Предизвикаа целосен колапс на образовниот систем во Македонија. Иако го одложија стартот на учебната година за еден месец, наместо да го искористат тој период да ги надминат предизвиците, тие создадоа уште поголеми проблеми. Скапо платената национална платформа која Заев и Царовска помпезно ја најавуваа доживеа целосно фијаско.
На дело се виде целата неспособност и неодговорност на власта.
Не само што не функционира системот, туку и он лај наставата нема да можат да ја следат над 80 илјади ученици, затоа што владата наместо да им обезбеди компјутери во овие 8 месеци парите ги трошеше на кондоми, лубриканти , шкампи и шампањ.
И наместо итно да ја решат оваа ситуација мафијата на власт со подбив најавува компјутери за деца дури после април, речиси пред крајот на учебната година.
Ова е потценување на стотина илјади ученици и нивните родители и десетици илјади просветни работници кои не гледаат никаква извесност со оваа власт. Оваа мафија на власт нема ниту план, ниту стратегија, ниту волја да се решаваат проблемите.
Затоа оставка од страна на министерката Мила Царовска е она кое што во најмала рака може да се очекува.
Ново на Сител
-
Полицајци заедно со затвореник барале дрога во Штип, лажел дека бара часовник кој му го земал кучката Цеца | ВИДЕО
-
Кривична против три лица од Чешка, вршеле ископ на културни добра во мариовско
-
Зошто насмеаните стјуардеси и стјуарди го поздравуваат секој патник на влезот?
-
Совети за стомачните грчеви кај бебето
-
35-годишен маж од Тетово си ја заклучувал и тепал сопругата
-
Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни
-
Инзаги: Прво би ја забележал играта на Интер, не резултатот
-
Горивата поевтинуваат од два до 2,5 денари за литар