ВМРО-ДПМНЕ: Нема другарче криминалец на Заев кој не е на слобода, Маричиќ дрво декор
Маричиќ е еден од низата неспособни министри на Зоран Заев.
Криминалците другарчиња на Заев наместо во затвор, слободно шетаат по улиците.
Рашковски, верниот пријател на Заев, фатен до гуша во криминал, наместо да е во затвор се шета на слобода. Ваков третман Рашковски го ужива бидејќи е еден од притворените луѓе на Заев.
Само во државава осудени криминалци наместо во затвор одат во притвор и не седат таму зошто ја имаат заштитата од власта.
Сите ликови од случајот „Рекет“ се на слобода.
А, на слобода е и шверцерот Боро Малборо.
Иако Ден Дончев беше фатен со туце пари, воопшто не одговараше пред лицето на правдата туку веднаш замина за Австралија.
Додека Зоран Заев е на власт и Бојан Маричиќ министер за правда, Македонија нема да е правна држава.
Со Заев и Маричиќ криминалците никогаш нема да се соочат со правдата.
Заев и Маричиќ кога тогаш ќе се соочат со правдата и ќе одговараат за криминалците кои ги пуштиле на слобода.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДУИ носи одлуки
-
Работничка останала без работа откако кажала дека е бремена - КСЗД утврди дискриминација
-
Сите чекаат Димитриевска сама да замине од Антикорупциска
-
Академската фела со реакции за предлогот за заедничка резолуција со Бугарија
-
Мицкоски: Бугарија може да покаже дека е добар сосед
-
Лефков: СДС и Венко Филипче се ставаат во служба на Бугарија за лични интереси
-
ИКС: Наративот на политичарите штетно влијае на менталното здравје на граѓаните