ВМРО-ДПМНЕ: Нема да учествуваме на координацијата во Собранието
ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на најавената координација во Собранието, информираат од партијата.

- Талат Џафери не е избран за претседател на Собранието на Република Македонија во законска процедура и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не гледа причина зошто би одговарала на покана која пратеникот Талат Џафери ја испраќа во својство на претседател. Со обидот да го изберат Талат Џафери за претседател, СДС ги погази и Уставот и законите и Деловникот за работа на Собранието, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму посочуваат дека СДСМ со, како што велат, својата деструктивна и антидржавна политика манипулирајќи го македонскиот народ покажува дека не им е грижа за граѓаните, туку само да дојдат на власт по секоја цена.
- СДС воопшто не се грижи за потребите и интересите на македонскиот народ. Покрај тоа што прифатија платформа од туѓа држава, се обидоа незаконски да изберат претседател на Собранието, сега бараат изговори само да не се одржат локалните избори, кои се редовни и во овој момент неопходни. СДС се обидува да го пролонгира одржувањето на локалните избори бидејќи немаат смелост да се соочат со македонскиот народ, по сето она што сторија. Време е СДС да се освести, да собере храброст и да обезбеди датум за одржување неопходните локални избори. Доколку Зоран Заев е храбар нека се согласи во рамките на локалните да се одржат и предвремените парламентарни избори, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ и порачуваат дека одржувањето на локални избори нема никаква поврзаност со формирањето на владата.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Пораките на Рубио се јасен сигнал за сите сојузници, како Влада, продолжуваме да го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница
-

ССМ: Работниците се двојно попродуктивни од она што го добиваат преку платите
-

52-годишен скопјанец ја претепал партнерката која била во вториот месец од бременоста
-

При претрес во Кавадарци и Велес пронајдена дрога уапсени три лица
-

Ден на жалост во Сараево по трагичната трамвајска несреќа
-

Николоски од Неготино посака добар род и вети континуирана поддршка од Владата
-

Трагедија во Србија: Загина поранешна тенисерка во тешка сообраќајка
-

Претрес во Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени четири лица
