Македонија
16. March 2016 - 17:03

ВМРО-ДПМНЕ: Не сме вршеле притисоци врз граѓани да се појават на протест

ВМРО-ДПМНЕ не вршелo никакви притисоци врз граѓани за да се појават на протест пред Уставниот суд, реагираат од партијата на денешната прес-конференција на заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски.

- Секогаш кога ќе видат дека кај народот не минува нивната деструкција, СДСМ ги активира сите погони на фабриките за афери и манипулации. Овој пат задачата да ги лаже граѓаните ја доби Александар Кирацовски, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. 

Од партијата потенцираат дека се најстрого против секакви притисоци кои ќе се вршат врз граѓани со цел, како што велат, да бидат користени во партиски цели и протести, особено кога се од деструктивен карактер како протестот на СДСМ и Сорос. 

- Го повикуваме технички назначениот дополнителен заменски министер Александар Кирацовски, како и целото МИОА да извршат увид дали била злоупотребувана општинска администрација за партиски цели. Му предлагаме да започне со истрагата во општина Струмица и општина Куманово, се вели во реакцијата.

Ново на Сител