ВМРО-ДПМНЕ: Не е донесен законот за Советот на јавни обвинители, не е гласано по Бадентер
ВМРО-ДПМНЕ го повика претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува и Законот за Советот за јавни обвинители бидејќи при неговото донесување не е испочитуван принципот на Бандентер, односно за него не гласале припадниците на помалите етнички заедници.
Илија Димовски на прес-конференција во Собранието по неговото распуштање истакна дека законот требало да се донесе со апсолутно и Бадентерово мнозинство, но оти иако спикерот Талат Џафери најавил дека треба да се гласа по Бадентер, тоа не е реализирано.
– И самиот Џафери најави дека законот се гласа со апсолутно мнозинство и со Бадентер, но тој не го стави законот да се гласа со Бадентер со што овој закон не е донесен. Оттука упатуваме порака дека потпишувањето на закон за кој не е обезбедено мнозинство е спротивно на Уставот и законите. Апелираме до Пендаровски да одбие да го потпише. Во спротивно се останато ќе значи кршење на Уставот и законите, рече Димовски.
Појасни дека оваа нерегуларност ја забележале уште во текот на седницата, но оти чекале Собранието да се распушти и тоа да и го соопштат на јавноста.
– Прегледајте ги снимките. Сега веќе Собранието е распуштено и не може да се врати. Овој закон не е донесен. И другиот не е донесен. Секако, едниот без другиот закон не може да се импелемнтираат, рече Димовски
Ново на Сител
-
Апел за рационално користење на водата за пиење во град Скопје
-
Приведени 4 лица за управување возило под дејство на алкохол
-
Во изминатите 24 часа 33 пожари на отворено од кои 16 се изгаснати, а пет под контрола
-
Израел почнува „тактичка пауза“ на воените дејствија во три области во Појасот Газа
-
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на Македонскиот фолклорен фестивал Преспа
-
Официјално: Ѓекереш нов играч на Арсенал
-
Македонија по втор пат подобра од Швајцарија