ВМРО-ДПМНЕ: Назадувањето во борбата со корупцијата резултат на работњето на Спасовски, Ременски и СЈО
ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција излезе со став дека враќањето на власт на СДСМ значи корупција, неодговорност, разградување на институциите, деструкција и назадување, наместо проекти, реформи и напредок.
Партијата смета дека назадувањето на земјата на листата на Транспаренси интернешнл е резултат на работењето на генералниот секретар Оливер Спасовски, како технички министер во МВР, на Фросина Ременски како технички министер за труд и социјала и на работењето на новоформираното Специјално јавно обвинителство и обвинителката Катица Јанева.
- Оливер Спасовски ќе остане запаметен по тоа што цела година откако ја извршуваше функцијата технички министер, не реализираше ниту една акција за сузбивање на криминалот и корупцијата.Тој не само што не реализираше ниту една акција, туку се фотографираше и се движеше во присуство на криминалци и лица од подземјето, а првоосомничениот во случајот „Фабрика за афери“, Захир Бекири - Чауш се покажа дека бил близок пријател и чест гостин во кабинетот на Зоран Заев, рече на прес-конференција Даниела Рангелова, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Според Рангелова, ништо подобро не се однесувало ниту нивното СЈО кое наместо да го гони криминалот се ставило во негова целосна заштита.
- Првиот чекор на Катица Јанева беше укинувањето на притворот на Зоран Верушевски, а нејзиниот непрофесионализам и пристрасност кулминираа со аболицијата на криминалецот Зоран Заев за неговата одговорност во случајот „Пуч“, изјави Рангелова.
Рангелова изјави дека нема посериозен доказ од склоноста на СДСМ кон корупцијата од видеото во кое се гледа како аболицираниот Заев, како што рече, бара поткуп на струмичките бизнисмени.
Ова, посочува таа, е факт и не може да го сокрие ниту невладината Транспаренси интернешнл, блиска до Сорос и СДСМ.
Ново на Сител
-
Две години условна казна затвор за онкологот Пешевска која призна вина
-
Седумгодишно девојче од Челопек почина во тетовската болница
-
Не работи пералната на Клинички – Алиу ќе ја враќа во владение на државата
-
„Амбикон“ го објави извештајот за загадувањето на воздухот во Трубарево: Податоците се неспоредливи со претходни параметри
-
Децата од четири училишта во Гази Баба се вратија во училници
-
Муцунски и Муртезани домаќини на Јадранско - јонската иницијатива во Њујорк
-
Откажа единствениот функционален радар на Скопскиот аеродром, М-НАВ вели тоа нема безбедносно влијание
-
Поголема соработка и нови инвестиции се очекуваат од Дубаи, земјава ги претстави можностите