ВМРО-ДПМНЕ: Народот масовно вели НЕ за бугаризација

„Народот масовно вели не за бугаризација, владата да се откаже од намерите за прифаќање на предлогот“. Ова го потенцираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во соопштение испратено пред малку до медиумите.
„Секој ден се повеќе народ излегува на улиците во Скопје во знак на протест против намерата на власта да го прифати предлогот за бугаризација на државата, со кој се негира јазикот, идентитетот и историјата.
Академската заедница, новинарите, колумнистите, целото општество ја гледа штетноста на предлогот кој Ковачевски сака да го прифати, а со кој не добиваме преговори, туку само сликање, и и се дава можност на Бугарија за многу блокади во иднина, се до целосна асимилација на народот.
Ваквиот предлог мора да биде отфрлен. Затоа што народот тоа го бара. И вечерва да излеземе во 19 часот и да кажеме ултиматум, не, благодарам“, стои во соопштението на најголемата опозициска партија.
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
