ВМРО-ДПМНЕ: Наместо редовно вакцинирање, главни се врските во вакцинирањето, повторно има недостаток на вакцини
Наместо редовно вакцинирање главни се врските во вакцинирањето, повторно има недостаток на вакцини. Венко Филипче вели дека вакцинацијата тече според планот. За Венко Филипче има и масовна вакцинација. Но, реалноста е друга.
Вакцини нема, има ревакцинација. Може да се најде и по некоја вакцина, ама само ако фатите врски. Замислете, Филипче направи да се фаќаат врски за да се прими вакцина. Филипче ги излажа граѓаните, не им објасни дека треба еднаш да се пријават за вакцина на електронскиот систем, бидејќи доколку се пријават повеќе пати или ако се пријавиле во мај прашање е дали ќе дојдат на ред во септември.
И наместо стивнувањето на корона вирусот да се искористи за подготовка или да се спречи или барем да има евентуално поблаг четврти бран на корона на есен, Филипче не прави ништо. А, ова може да го постигне многу едноставно, да набави вакцини, граѓаните да стекнат имунитет до есен. Ама набавка на вакцини нема, вакцинација нема, има ревакцинација.
Филипче заборави на провизиите, набави вакцини и заштити ги граѓаните.
Ново на Сител
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати