ВМРО-ДПМНЕ на избори со најобемна програма преставена на 500 страници
Нови 70 илјади работни места за четири години предвидува изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, која вчера ја промовираше партискиот лидер Груевски.
Програмата предвидува и нова линија кредити од ЕИБ за компаниите субвенционирани од државата од вкупно 101 милиони евра и каматнти стапки под пазарните.
Груевски најави и продолжуавње на политиките во земјоделството со 600 милиони евра нови субвенции за земјоделците за финанасирање на производството, опремувањето со механизација, воведуавње систем капка по капка и други мерки.
Меѓу планираните проекти на ВМРО-ДПМНЕ е и продолжување на станбените субвенции. Купи куќа се проширува на граѓани на возраст над 36 години. ЌЕ се субвенционира целосното учество или ратите во дестгодишен период на отплата.
Програмата “Реално” предивдува и зголемување платите, пензиите и на социјалната помош.
Груевски рече дека ова е најобемната и најдобра програма на партијата досега и содржи над 500 страници со проекти и прецизни рокови, буџети, носители и очекувани резултати.
-

Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар
