ВМРО-ДПМНЕ: Младите во Македонија во се поголем број ја напуштаат државата

Младите во Македонија во се поголем број ја напуштаат државата и заминуваат да работат и живеат во странство. Секоја недела полни автобуси со млади луѓе со карта во еден правец како од внатрешноста така и од Скопје заминуваат правец Западна Европа.
Доколку Заев и луѓето околу него неможат да ги видат преполните автобуси со млади кои трајно се иселуваат од државата, во прилог им испраќаме неколку прилози од телевизии, пропратени со сведоштва на луѓе. – Ова е вистината за тоа колку е успешен Заев.
Од големата успешност на Заев, скоро 20.000 македонци годишно од кои повеќето млади луѓе добиваат работна виза за работа во Германија. Иста е ситуацијата и со Швајцарија, Австрија, Шведска и други држави од Европа.
Училиштата низ целата држава се се попразни.
СДСМ ветуваше враќање на иселените, не само што не ги врати, туку и го забрза иселувањето. Промовирањето на некакви картички кои не го подобруваат животот на младите е само блед обид да се прикаже дека нешто се прави.
Така наречената гаранција за млади е пропаднат проект. Младите не чувствуваат никаква придобивка од владеењето на СДСМ. Младинската невработеност во Македонија е највисока во регионот и во Европа.
СДСМ не нааправи ништо за младите иако имаше повеќе од две години време. СДСМ треба да си замине. Метлата треба да почне од Заев па надоле. Метлата ќе ја добијат на парламентарните избори, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие поддршката од граѓаните и ќе ја формира новата влада.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Судење за „Онкологија“: Препишувањето неделотворни лекарства довело до штета на буџетот
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари по литар - бензините поскапуваат за 0,50 денари по литар
-

Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
-

Потребата од згрижувачки семејства е постојана, неопходно е да се зголеми свеста за оваа хумана мисија
-

„Окта“ повторно воведува попуст - два денари за бензините до средината на јуни
-

Министерот Ристовски упати честитки за млади борачи – медлисти на ЕП У15, борењето има иднина!
-

„Њујорк тајмс“: Американската војска тајно протнува десетици бродови низ Ормуз
-

Нов бран мигранти јужно од грчките острови Крит и Гавдос
