ВМРО-ДПМНЕ: Мерките и законите треба да важат подеднакво за секого

Спасовски и Заев повторно удрија по граѓаните.
Додека функционерите од ДУИ сечат торти и прават забава во новиот објект на министерството за политички систем на Артан Груби, без маска и без почитување на мерките за заштита од КОВИД-19, и за тоа институциите молчат и не покренуваат никакви постапки, МВР во текот на вчерашниот ден апсеше граѓаните за палење на Бадникови огнови.
Во текот на вчерашниот ден во село Орман, беа уапсени 10тина лица заради палење на бадников оган, од страна полицијата.
Оливер Спасовски по којзнае кој пат покажа сила врз граѓаните.
Институциите во оваа држава за едни се мајка, а за други маќеа.
Функционерите од власта секојдневно ги кршат мерките за заштита од КОВИД-19, а за тоа не видовме ниту една изречена казна или па некакво приведување, ама за тоа граѓаните и за минимално непочитување се апсат и казнуваат.
Пред само неколку месеци, кафеани и дискотеки во сопственост на луѓе блиски на власта, работеа непочитувајќи ги забраните и протоколите за справување со пандемијата. До ден денес не видовме ниту еден решен случај, а истите локали повторно си работат, непочитувајќи ги протоколите под заткрилата на оваа криминална власт.
Мерките и законите во оваа држава треба да важат за секого подеднакво.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Генералниот секретар на Интерпол: Северна Македонија е наш важен партнер во борбата со криминалот
-

Власта се уште без одговор од опозицијата за Изборниот законик
-

Функционери од ВЛЕН задржани на границата со Албанија, се бара објаснување од Тирана
-

Нема веќе организирање подарувања без дозвола и надомест од 100 евра
-

Можно е пак да има мерки за цените на горивата
-

Државната ревизија утврди повеќе неправилности во Aгенцијата за вработување
-

„Фостер” од 1 август само со партиципација од 280 денари
-

Преглед на вестите од светот
