ВМРО-ДПМНЕ: Меѓу владините хонорарци синот на Самка, сестра на пратеничка од СДСМ, претседателот на СДММ
Во Македонија додека граѓани преживуваат од ден за ден, власта своите партиски војници дебело ги наградува со хонорари.
За една година без работа останаа над 55.000 граѓани. Повеќе од 500.000 граѓани преживуваат со 130 денари на ден. Конфекциските работници во Македонија пред неколку дена останаа без работа, бидејќи конфекциите принудно се затворија, а земаа минимална плата за работа од 12 часа дневно.
Државата станува се позадолжена држава и го преминува прагот на задолженост. Додека државата осиромашува, и згаснаа над 4.000 компании, партиски војници на власта земале хонорари до 1.000 евра.
Имено за хонорари власта од 2019 до 2020 година, исплатила над еден милион евра. Под закрила на Владата биле 58 хонорарци, од кои денес се објавија само 55.
Меѓу хонорарците кои земале народни пари во енормни суми се бројни членови и симпатизери на СДСМ, Петрит Сарачини, Марко Михаилоски претседател на СДММ, Јана Велковска сестра на Фаница Николовска пратеничка од Тетово, Дамир Ибраимоски син на Самка Ибраимоски. На листата може да се види и името на Ванчо Узунов кој бил поранешен потпретседател на СДСМ.
Токму овие хонорарци за еден напишан статус, или пак погрешно наместено знаме земале по 30, 40, 50 илјади денари.
Од имињата на објавените списоци, јасна е намерата зошто власта калкулираше со денови кога да ги објави.
Поради Заев Македонија е најсиромашната, најкорумпираната и најнесреќната држава во Европа.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Попладнево избувна голем пожар кај валандовско Грчиште, изгорени неколку штали
-
Трамп за Маск: Можеби ќе го депортирам, можеби ќе му го пуштам „DOGE“
-
Германија финансира дронови за Украина
-
Зеленски одликува 226 украински војници
-
ЕК демантира дека Фон Дер Лајен имала „долг“ разговор со Вучиќ
-
Србија заостанува зад другите кандидати за членство во ЕУ, тврди данската министерка за надворешни работи
-
Муртезани: Реформите и заедничкиот пазар се наш компас кон стабилност, единство и иднина
-
Повредени две лица во сообраќајка во Куманово