-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Маричиќ за една година изел и испил 313.603 денари на државен трошок
-->
Додека власта го раскрчмува македонскиот идентитет, во јавноста излегоа скандалозни податоци за кафеанските трошоци кои ги правел вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ.
Тој за една година изел и испил 313.603 денари или 5.000 евра на државен трошок, а во еден наврат платени се над 17 илјади денари за еден оброк.
На менито на гоштевањата кои Маричиќ ги плаќал со народни пари имало лососи, медаљони од бифтек, телешко печење, калифорниска пастрмка, се пиеле вина и жестоки пијалаци. Овие сметки се правени по ексклузивни ресторани во Скопје, додека во исто време граѓаните едвај врзуваат крај со крај.
Над 450 илјади граѓани живеат во сиромаштија и трошат само по 150 денари на ден, а Бојан Маричиќ трошел и по стотици евра за јадење дневно. Бедно.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен 43-годишен маж од кавадаречко, ја нападнал својата жена со метален предмет
-
Од утре попладне времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
-
Приведени две лица од Дебар, предизвикале пожар на отворено
-
Три лица повредени во сообраќајка во Струмица, меѓу кои и малолетник
-
Ангелов: Продолжи затрупувањето во Дрисла, чадењето е делумно намалено
-
Локални избори 2025: Последен ден за поднесување кандидатури за градоначалници
-
Ерика Кирк: Чарли го убија поради патриотизам, вера и милосрдна љубов
-
По Скопје и Битола, Торонто е град со најмногу Македонци во светот