ВМРО-ДПМНЕ: Манифестот е создаден со цел обединување околу националниот интерес
ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение порача дека го става интересот на сите граѓани на прво место и затоа го нуди Манифестот за единствена Македонија како граѓански концепт, додека пак со приведувањето на, како што наведуваат, наркодилери и мафијаши блиски до криминогеното раководство на СДСМ, граѓаните виделе дека партијата е дел од подземјето.

Сметаат дека СДСМ и Заев се исплашени и се лесен предмет на уцена и дека затоа тој и неговите соработници ја прифатиле тиранската платформа која, според нив, е неуставна и спротивна на највисоките државни и национални интереси.
Во соопштението е наведено дека Манифестот за единствена Македонија гарантира владеење на правото и правна држава како клучен услов за успех на државата.
- Во Манифестот предложен од ВМРО-ДПМНЕ се предвидува секој иден добитник на парламентарните избори да добие бонус 20 пратеници, во рамките на сегашниот број пратеници и согласно Уставот или пак да се воведе мнозински изборен модел. Ова е добар предлог со цел кој било победник на некои наредни избори да не биде уценет, стои во соопштението.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Манифестот е создаден со цел да има обединување околу националниот интерес, а со неговото одбивање, СДСМ докажува дека тие не се за обединување туку тие се за поделби.
Ново на Сител
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
-

Во Скопје не се дише, на Детска клиника по пет регистрирани случаи на грип неделно
