ВМРО-ДПМНЕ: Македонското здравство меѓу најдобрите во регионот и Европа
ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на денешната прес-конференција на Јагода Шахпаска од СДСМ наведува дека во времето на СДСМ немало никакви инвестиции во здравството, додека ВМРО-ДПМНЕ има спроведено реформи со кои здравството е меѓу најдобрите во регионот и Европа.
- СДСМ сака да не потсети дека во тоа време имаше, неисправни и не соодветни апарати и несовесни политики поради што пациенти се оперираат по ходници, бебиња и мајки кои умираа од недостиг на гинеколози, немаше завои за рани по болниците, луѓето се лечеа во руинирани здравствени установи, пишува ВМРО-ДПМНЕ.
Во врска со обвинувањата дека во неисправно возило на Итната медицинска помош е пренесено бебе од Охрид до Скопје, ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека секое возило е опремено со централен систем за кислород и дополнителен приклучок за кислород, како и приклучок за напојување на кои може да се поврзат сите медицински апарати, додавајќи дека посебен приклучок за инкубатори не постои.
- Кога СДСМ раководеше со здравството доеничката смртност беше за 40 проценти поголема од денес, се вели во реакцијата.
ВМРО-ДПМНЕ посочува дека според европскиот здравствен потрошувачки индекс, македонското здравство е подобро рангирано од поголем број развиени европски земји и земји од регионот меѓу кои Италија, Ирска, Унгарија, Полска, Литванија, Грција, Романија, Бугарија, Албанија, Србија и Црна Гора.
Ново на Сител
-
ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие
-
Драма во Драч: Татко ги земал двете деца како заложници и почнал да пука со калашников
-
Њујорк и Денвер на чекор до полуфинале во НБА плејофот
-
Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведен дилер
-
Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”
-
Халанд и Ортега го доближија Сити до шампионската титула
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево