ВМРО-ДПМНЕ: Македонската опера и балет во мрак поради лошото менаџирање на кадрите на СДСМ и ДУИ
Економската и енергетската криза многу брзо по летните одмори покажаа каков импакт ќе имаат и врз културата која секогаш е прва на удар и прв таргет за рационализација во секое општество. Вчерашната шокантна вест од областа на културата која ги стави во сенка сите актуелни случувања е дека националната установа Македонска опера и балет, еден од двата столба на музичко-сценската уметност во Македонија, потона во темница!
Актуелната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска кога го презентираше ребалансот на буџетот на Министерството за култура, вети дека средствата за комунални услуги по дејности ќе бидат зголемени за седумдесет и седум милиони денари (77.740.000), и дека предложениот ребаланс воопшто нема да влијае врз културните настани и нивото на културна понуда. Исто така, таа потенцираше дека ќе се води континуирана грижа за објектите на културата каде треба да се работи и функционира.
Но, токму кога требаше да започнат подготовките за новата оперска и балетска сезона, во мрак и без струја е една од најзначајните национални институции, Македонската опера и балет.
Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ апелира до Министерката за култура дека крајно време е за сериозен пристап при креирањето на стратегиите во културата. Хаосот во културата продолжува со се’ позасилено темпо на партизација, културниот сектор и неговите активни чинители продолжуваат да бидат маргинализирани, а до сега ниту еден од петте министри на коалицијата СДСМ-ДУИ не понуди реална визија за креирање на одржливи културни политики.
Напротив, во континуитет сме сведоци на задоцнети реакции и ад хок решавање на последиците, а не на причините за состојбите во културата. Крајно време е коалицијата СДСМ-ДУИ да понуди професионално менаџирање и етаблиран раководен кадар во институциите од културата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тема на денот со доктор Злате Мехмедовиќ
-
Голем пожар во Трубарево
-
Граѓани на “Водно” бараат спас од загадувањето од депониите
-
На полноќ истекува рокот во ДИК за поднесување кандидатски листи
-
Владата планира целосно автопатско решение на Прилеп со изградба на автопат од Прилеп до Фариш преку Плетвар
-
Македонската текстилна индустрија во „Слободен пад“
-
Забрзано исчезнуваат големи количини вода од Преспанското езеро
-
Модернизација и поголема финансиска поддршка, услови за напредок на македонското земјоделство