ВМРО-ДПМНЕ: Македонија тоне на секое поле, економијата пред колапс

Во ваква заробена држава, понижена Македонија со судство под целосна контрола на СДСМ животот дојде единствено за криминалниот картел на чело со кланот Заеви. Нашата држава тоне на секое поле, економијата е пред колапс, нема нови проекти, нема реализација на капиталните инвестиции. Образованието и здравството се во слободен пад, младите се без перспектива иако голем број од нив се со завршено високо образование, младинската невработеност е над 50 проценти, граѓаните го дишат најзагадениот воздух во светот.
За каков просперитет говори СДСМ? За каков напредок и фер општество говорат тие?
Веројатно мислат на просперитетните години за кланот Заев откако аболицираниот Заев ја презеде власта во Македонија. Веројатно мислат за милионите на сметките на Анѓушев, Заев и низа други високи државни и партиски функционери.
СДСМ ја третира државата како своја лична сопственост, а буџетската сметка како партиска, која служи за исплата на партиските послушници. Парите на граѓаните се трошат за криминални тендери и грантови за исплата на партиските пајташи.
За каква правна држава говори СДСМ, кога Македонија е единствената држава во Европа на чие чело е аболициран криминалец. Заев еднаш веќе беше аболициран за случајот „Глобал“ тежок 9 милиони евра, тој повторно беше амнестиран од партиското судство за случајот „Поткуп“, случај во кој цела Македонија освен Кацарска судството го виде Заев како бара 200 илјади евра мито од струмички бизнисмен.
Одродената и криминална власт на чело со аболицираниот Заев ќе си замине и покрај очајните обиди преку распродажба на националните и државните интереси да ја зачува власта. Волјата на граѓаните ќе мора да се испочитува, а нејзиното игнорирање од страна на Заев ќе го чини огромен пораз на наредните парламентарни избори.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Иран им забрани на спортските тимови патувања во „непријателски“ земји
-

Кога довербата и грижата растат заедно со децата - Четврта година партнерство меѓу Flex Credit и СОС Детско село
-

На грчкиот остров Лезбос потврдени 17 случаи на шап и лигавка
-

Американците изгубија речиси три милијарди долари во опрема во војната во Иран
-

Трамп нареди итна исплата на 50.000 вработени во обезбедувањето на американските аеродроми
-

Опожарен стан во Куманово
-

Седница на Советот на ЈО, ќе се избира шеф на Вишото ЈО - Скопје
-

Во недела часовниците се поместуваат еден час напред
