-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија се носи кон економска депресија
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2018/juni/jkhioihoih-183076.jpg?itok=c-Id7Iay)
Заев, Анѓушев и Тевдовски работат единствено за сопствените бизнис интереси и интересите на олигарсите кои се стекнаа со огромен капитал на грбот на граѓаните за време на криминалната транзиција повторно дело на СДСМ. Стравот кај граѓаните е реален, а се враќаат спомените од мрачните 90-ти кога илјадници граѓани остана без работни места и беа доведени на работ на егзистенцијата. Повторно се склучува договор со Грција со кој Македонија повторно губи и повторно тоа го прави влада на СДСМ. Секојдневно во медиумите може да прочитаме вести за стечајни постапки на фирми кои до пред една година успешно работеа, исто како во време на транзиција. Додека за сето тоа време кланот Заеви ги брои милионите на своите сметки.
Економијата е руинирана, ништо од ветувањето на СДСМ за 500-тини евра просечна плата, ништо од враќањето на парите кај граѓаните, поврат на ДДВ нема, единствено нешто што е сигурно е тоа што ќе бидат зголемени давачките на граѓаните кон државата. Даноците ќе се зголемуваат, акцизата веќе се зголеми, а куповната моќ на граѓаните е во континуиран пад.
Буџетот се полни на грбот на граѓаните, а секојдневно можеме да прочитаме за некое ново задолжување на државата. И покрај тоа што државата е на работ на должничко ропство, капитални проекти нема, реализацијата на капиталните инвестиции за првиот квартал од 2018 година е под 11 проценти. Каде одат парите, за кои граѓаните ги задолжува СДСМ? Дали можеби се инвестираат во плантажите за марихуана на Заев или пак во фирмите на Анѓушев?
Едно е јасно додека Македонија се носи кон економска депресија, истовремено се распродаваат државните и националните интереси наоколу. СДСМ е едно големо цунами за државата на сите полиња, а цената за тоа ја плаќаат граѓаните. Народот знае што се случува, народот го живее ветениот „живот“ секој ден и се погласно вели, НЕМА ДА ВИ ПОМИНЕ!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Роналдо на врвот на листата на најплатени спортисти во 2024 година во изборот на Спортико
-
Шефот на НАТО: На Украина никогаш не и било ветено членство
-
Зеленски: Нема да прифатиме договори меѓу САД и Русија без учество на Украина
-
Кривична против две лица од Скопје, обид за убиство
-
Кривична против сопственик на угостителски објект во Струга, сомнение за кражба на електрична енергија
-
15-годишно девојче пријавено за исчезнато
-
Бојкотите продолжуваат: Драматично зголемување на цените на храната во ЕУ и Западен Балкан
-
Шолц: Нема милост за уапсениот за нападот во Минхен, тој мора да ја напушти земјата