Македонија
13. August 2018 - 11:15

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија нема иднина со аболицирани политичари

Република Македонија иднина со аболицирани политичари нема.

Власта на СДСМ е преполна со криминал и хедонизам.

Така СДСМ Македонија нема да ја однесе во ЕУ и НАТО. Зоран Заев донесе само штетен договор за Македонија каде без тронка срам ги распродаде националните и државните интереси.

Република Македонија СДСМ ја остави без минато и историја.

Власта на Заев ја осиромаши државата и се поигра со честа на граѓаните.

Со Заев и СДСМ нема иднина за Република Македонија. Заев и СДСМ мора да си заминат, единствено така Македонија ќе победи.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ