ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е на дното во регионот по набавка на вакцини и вакцинирање
Филипче и Заев секој ден ги лажат граѓаните за датумот на пристигање на вакцините.
Додека Филипче и Заев лицитираат со датуми, земјите во регионот од декември имаат започнато со масовна вакцинација на граѓани.
Ако се споредиме со Србија, досега има набавено околу два милиони вакцини, 1.500.000 од „Синофарм“, околу 250.000 од „Спутник“, 220.000 вакцини од „Фајзер“ и од „АстраЗенека“ околу 150.000 вакцини.
Ако се споредиме со Црна Гора, таа досега има набавено околу 37.000 вакцини. Црна Гора има околу 30.000 вакцини од „Синофарм“, а и донација од Србија доби околу 2.000 вакцини од „Спутник“.
Ако се споредиме со Албанија, таа досега има набавено околу 33.000 вакцини кои сите се од „Фајзер“.
Ако се споредиме со Босна и Херцеговина, таа досега има 32.000 вакцини. 22.000 вакцини се од „Спутник“, и 10.000 на „АстраЗенека“ како донација од Србија.
А, Македонија за жал има само околу 8.000 вакцини и тоа како донација од Србија. Со ова Македонија е на дното во регионот по набавка на вакцини и вакцинирање.
Граѓаните веќе не им веруваат на Заев и Филипче. За ветените вакцини кои никако да пристигнат одговорност мора да има.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Подигнати 42 кубни метри отпад од диви депонии во Аеродром, Чаир, Кисела Вода и Карпош
-
Почина неврохирургот проф.д-р Владимир Мирчевски
-
Герасимовски: Бесплатна градинка за деца Роми од ранливи семејства
-
Со камион удрил во заштитната ограда, скопјанец загина на автопатот Демир Капија - Гевгелија
-
Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема
-
Околу 350 деца Роми ќе бидат згрижени бесплатно во јавните градинки во 21 општина
-
Приведен вработен во ЈП Национални шуми - Добивал по 200 евра месечно за дозволи за сеча на дрва