ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е на дното на Балканот и во Европа по економскиот раст и привлекување на инвестиции

Економијата во Македонија тоне. Заради неспособната владата на СДСМ на чело со неекономскиот тим, државата ги доживува најцрните денови. Македонија е на дното на Балканот и во Европа по економскиот раст и привлекување на инвестиции. Нема просечна плата од 500 евра. Над 500.000 луѓе во Македонија живеат под прагот на сиромаштијата додека СДСМ троши по еден милион евра за реклами.
СДСМ единствено се грижи за своите бизниси додека македонскиот граѓанин гладува. Огромни 70 % од граѓаните во државата земаат плата помала од просечната. Младинската невработеност е една од највисоките во Европа и регионот со 35% додека во некои општини во Македонија изнесува и до фрапантни 80 %. Долгорочната невработеност кај младите изнесува и до 40 % што значи дека младите во просек едвај наоѓаат работа и по три години од дипломирањето. Над 70 % од младите сакаат да се иселат од државата.
СДСМ донесе само неуспех и уназадување како на економијата така и во сите сфери на општеството. СДСМ мора да си замине за обновата да почне.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Мицкоски: Во посета на Брисел бев приватно со семејството и немав средби со политичари
-

Реакции по говорот на Вучиќ: МПЦ-ОА е темел на македонскиот идентитет, вели Мицкоски
-

Кој стои зад лажната вест дека скопската вода има ешерикија коли?
-

Јадранот гори: Хрватска и Црна Гора се борат со катастрофални пожари
-

Шест пожари и натаму активни
-

Итно е потребна трансплантација на срце кај охриѓанецот Дарко
-

Кебакоски: Трговците ни ја купија пченицата по 10 ден. за да ја продадат поскапо Стокови резерви, државата да ни даде по уште 5 ден. од кг.
