ВМРО-ДПМНЕ: Лошите мерки на Царовска ќе бидат причина за прекин на наставата со физичко присуство
Нема учебници за сите, а таму каде што се поделени дадени се искинати, Царовска жртвува уште една генерација деца.
Царовска наместо да обезбеди материјали и книги за учење, вчера им порача на родителите дека треба да дадат по 8.000 денари за прибор и материјали за учење за своите деца.
Голем број ученици од цела држава добиле искинати и лепени учебници, од кои фалат и цели страници. Медиумите вчера беа полни со сведоштва од родители за распарталени книги.
Поголемиот број од децата немаат таблети, а голем дел немаат ниту средства за да купат. Царовска целосно потфрли.
Во училиштата нема средства за дезинфекција, учениците сами си носат од дома.
Во неколку општини учебната година не ни почна.
Царовска е изгубена во розевиот свет на власта.
Лошите мерки на Царовска ќе бидат причина за прекин на наставата со физичко присуство. Прашање на време е само кога наставата ќе биде невозможна затоа што системот е слаб, а протоколи нема.
Сега кога ситуацијата е надвор од контрола, власта пак се инаети и не презема мерки за заштита на децата, наместо да набави брзи тестови за школите и да организира строги протоколи Царовска вели дека од однесувањето на сите зависи колку ќе има физичко присуство. Тоа е класично фрлање на вина кај народот, и неспособност да се понудат решенија.
Царовска и актуелната власт се неспособни да ја нормализираат ситуацијата. Време е за промени.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани
-
МВР набавува 120 возила
-
Почна судењето за Беланоца
-
Македонија на 3-то место по раст во БДП според Евростат - Во 2 квартал економијата пораснала 3,4%
-
A1 со нови услуги за клиентите го прославува 6 роденден
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за депонијата во Вардариште
-
30 дена притвор за три лица за палењето на Вардариште