ВМРО-ДПМНЕ: Лошите мерки ќе бидат причина за прекин на наставата со физичко присуство
Мила Царовска го уништи образованието во Македонија.
Поради Царовска образовниот систем е во тотален хаос, а најмногу поради тоа страдаат децата и наставниците.
Поголемиот број од децата немаат таблети, а голем дел немаат ниту средства за да купат. Царовска целосно потфрли.
Царовска наместо да обезбеди материјали и книги за учење, им порачува на родителите дека треба да дадат по 8.000 денари за прибор и материјали за учење за своите деца.
Од неспособноста на Царовска незадоволни се родителите, наставниците, учениците. Додека родителите апелираат дека бројката на заразени деца од КОВИД-19 се зголемува, Царовска ја прикрива реалната бројка и како Филипче вели се е под контрола.
Во училиштата нема средства за дезинфекција, учениците сами си носат од дома.
Лошите мерки на Царовска ќе бидат причина за прекин на наставата со физичко присуство. Прашање на време е само кога наставата ќе биде невозможна затоа што системот е слаб, а протоколи нема.
Царовска и актуелната власт се неспособни да ја нормализираат ситуацијата. Време е за промени.
Царовска е прва која ќе одговара по падот на Владата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта
-
Македонија ги живее најтоплите денови оваа лето – на високите температури реагираат и млади и стари