Македонија
25. March 2019 - 14:52

ВМРО-ДПМНЕ: Лице со исто име и презиме како адвокатот на Заев добил лиценца за одгледување канабис

Со секој изминат ден на власт богатството и бизнисите на блиските на Зоран Заев односно кланот Заеви енормно се зголемуваат. Граѓаните на Република Македонија осиромашуваат, а фамилијата Заеви континуирано се богатат а тоа на сметка на граѓаните и државните бизнис интереси.

Бизнисот со марихуана врти-сучи пак се поврзува со премиерот Заев.

Имено, според последните информации во јавноста и оние кои што се проширија во медиумите, фирма во која косопственик е лице со исто име и презиме како адвокатот на Зоран Заев, добила лиценца за одгледување на канабис односно марихуана. Фирмата Канабис ОНЕ Доо Струмица добила лиценца од министерството за Здравство по претходно добиена согласност од Владата. Оттука е крајно сомнително и скандалозно како може Владата кај што е премиер Заев да даде лиценца за вносен бизнис на фирма кај што лицето Ване Андреев, со идентитет како адвокат на Зоран Заев фигурира. Дали ова лице Ване Андреев е адвокатот на Заев кој сега ќе произведува марихуана и ќе заработува милиони? Дали Заев и во овој случај не гледа никаков судир на интереси како во случајот кога во бизнисот со марихуана влезе и семејната фирма на неговиот братучед Трајче Заев?

Да биде уште поскандалозно медиумите пишуваа, а никој не демантираше дека извесна Сара Еленова, монахиња во епархијата на митрополитот Наум инаку кој важи кај граѓаните за близок пријател до Заев е еден од косопствениците и партнерите во фирмата Канабис Оне Доо Струмица. Дали и црквата влезе во бизнисот со марихуана? Дали митрополитот Наум кој самиот Заев го нарекува свој духовен отец влегол во одгледување на марихуана? Ако е ова точно, тогаш дали Црквата наместо со духовноста и верата ќе почне да одгледува марихуана? Дали, ако сето ова е точно, добиваме уште една потврда дека во Струмица перфектно продолжува да функционира бизнисот по моделот едно евро за Вицето, едно евро за Црквата? Во тој случај Господ нека им помогне на граѓаните кој што се борат секој ден да врзат крај со крај.

Овој скандал е огромен. Тој е спротивен и на Божјите и на земните закони и со ова сериозно треба да се позанимава Обвинителството ако има барем грам интегритет и професионалност. Зарем за нив не е скандалозно адвокатот на премиерот да добие лиценца за милионски бизнис, а патем во тоа да е вмешана и Струмичката Епархија истата онаа од серијалот епизоди со едно Евро за Црквата.
Јавноста и граѓаните гледаат со каква криминогена и корумпирана власт си имаат работа. Ова мора да престане час поскоро. Почетокот на крајот на овој криминален картел на власт се претстојните избори кога народот ќе ги казни за сите матни бизниси кои ги прават а кои имаат единствено за цел лично богатење на власта на Зоран Заев, фамилијата Заеви и нивните блиски луѓе односно бизнис партнери.