ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДСМ се провидни и граѓаните веќе ги имаат разоткриени
Ако продолжи врхушката од СДСМ да вработува свои роднини во администрација за дебели хонорари просечната плата ќе расте, а огромниот број на граѓани ќе осиромашува. Граѓаните многу добро ги чувствуваат по својот џеб погрешните политики на овој криминален картел на власт.
Впрочем дека се работи за статистичка гимнастика и нереален раст на плати говори и фактот што власта го укина условот за раст на пензиите кој беше поврзан со растот на просечната плата. Да постоеше навистина реално растење на платите и повеќе пари во македонската економија тогаш немаше да биде проблем и пензиите да растат со пропорционалното растење на платите. Но реалноста е дека преку 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата.
Лагите на СДСМ се провидни и граѓаните веќе ги имаат разоткриени. За ова ќе бидат казнети на избори и со тоа ќе почне демонтирањето на криминалниот картел на власт и деспотот Заев.
ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Ѓорги Божинов, генерален секретар во кабиентот на Сиљановска
-
Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана
-
Екстрадиран Бесим Красниќи
-
Полуматуранти од Црна Гора го запалија училиштето | ВИДЕО
-
Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен
-
Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина
-
Бербок: На Украина и е потребно оружје со долг дострел
-
Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“