ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот на Ковачевски и Ахмети ја направија Македонија најкорумпирана земја
Криминалот на Димитар Ковачевски и Али Ахмети и високите владини функционери од Македонија направија најкорумпирана држава.
Македонија е на дното според индексот за перцепција на корупција на Транспаренси интернешенл и е во друштво со Суринам, Индија и Тунис.
Криминалот е присутен во секоја пора од општеството, според Транспаренси Интернешенл од 180 земји, Македонија се наоѓа на 85-то место со 40 поени на скалата на која 0 означува најкорумпирана.
Речиси секој ден излегуваат нови афери и докази за коруптивни скандали на владата на СДС и ДУИ. Извештајот покажува дека нема никаков резултат, а борба со корупцијата има само на хартија.
Владините институции за борба против корупцијата не даваат резултат и не успеваат да ја запрат корупцијата.
Напротив, високи владини претставници се директно вмешани во најголемите коруптивни скандали, сопругата на Ковачевски, синовите и родителите на министри се во милионски бизниси за производство на струја, високи владини функционери се вмешани во корупција со испумпување на народни пари, милионски тендери во четири очи, поставување на париски судии и обвинители се само дел од причините зошто Македонија е најкорумпирана држава.
Македонија ја има најкорумпираната влада. Секогаш кога СДС е на власта криминалот царува, а државата тоне.
Потребни се предвремени парламентарни избори и нова влада која ќе спроведе нови суштински реформи.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Кај маж и жена од Гостивар пронајдени 37 пакувања со марихуана
-
Ангелов: Очекувам чадењето од пожарот во Трубарево да биде намалено или целосно сопрено во текот на денот
-
84-годишник сечел дрва, едно паднало врз него и го убило
-
Путин го одликува Медведев со Орден за заслуги за татковината
-
Избувнувањето на повеќе пожари во истовреме не е случајност, вели Ангелов
-
Четири лица здравствено згрижени на Токсикологија по пожарот во Трубарево
-
Меџити: Ќе се утврдува во колкава мера било загадувањето врз животната средина од пожарот во Трубарево
-
ОЈО Скопје презема дејствија во врска со пожарот во Трубарево