ВМРО-ДПМНЕ: Криминалци го советуваат Заев, а тој ги плаќа со пари на граѓаните
Лагите на Заев во врска со ангажманот на Христијан Мицкоски не можат да го покријат најголемиот државен грабеж што во моментов го реализира криминалниот картел на власт.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е еден од најкомпетентните експерти во областа на енергетиката и благодарение на неговиот ангажман постигнати се огромни резултати на ова поле, а граѓаните секојдневно не стравуваа од нови поскапувања.
Сега ситуацијата е поинаква. Криминалци го советуваат Заев, а тој ги плаќа со пари на граѓаните. Единствен интерес и на криминалците и на Заев е како да приграбат што е можно повеќе пари за себе.
СДСМ мора да одговори, дали и колку од грчките милиони исплатени за Кочо Анѓушев завршија во џебовите кај Заеви, а колку кај него?
Дали скапо платените српски советници Башановиќ и Обрадовиќ го советуваа Заев да не постапи навремено и да дозволи да се прелеваат испустите во хидроакумулациите? Колкава е штетата од ваквата неодговорност? Дали скапо платените српски советници намерно предизвикаа штета и колку пари од ваквото несовесно работење на новото раководство на ЕЛЕМ завршија во џебовите на Заеви?
Дали Башановиќ и Обрадовиќ го советуваа Заев да ја ангажира фирмата СВ Инвест во РЕК Битола, нејзините налепници да ги стави на камионите на Вице и да го прошири семејниот бизнис?
Колку пари имаат ќар Зоран и Вице Заеви од ангажманот на струмичките камиони во РЕК Битола ?
Криминалниот картел во власта, предводен од Зоран Заев секојдневно ја пустоши Република Македонија, а цехот го плаќаме сите ние. Ниедна манипулација не може да го сокрие криминалот. Зоран Заев и СДСМ ја имаат власта и не смее да бегаат од одговори.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста