ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ја загрозува европската иднина на Македонија
Ковачевски ја загрозува европската иднина на Македонија, го злоупотребува европското знаменце за туркање на закони кои немаат врска со ЕУ.
Амбасадорот Гир кажа дека употребата на европско знаменце за туркање на законските измени за потребите на договорот со Бехтел и Енка не е работа која има врска со европската интеграција.
Ковачевски свесен дека го злоупотребува европското знаменце турка закони и кои се во спротивност со уставот, а за кои веќе Уставниот суд има донесено одлука, како што е 60 часовната работна недела.
Ковачевски ја користи ЕУ како параван за сопствениот криминал, а со тоа директно и штети на Унијата и нејзиниот углед во Македонија.
Ковачевски со неговите криминални политики влијае на падот на расположението кај граѓаните за членство во ЕУ.
Ковачевски е кочничар на евроинтеграцијата на државата, а на истата гледа само низ призма на злоупотреба со цел остварување на лични агенди.
Ковачевски ниту е за ЕУ, ниту е за граѓаните, туку за себе и за криминалната клика околу него.
Ново на Сител
-
Голема акција на Финансиската полиција, се вршат претреси во Куманово, Липково и Желино
-
Реакции по скандалот на натпреварот Брегалница - Шкупи
-
Се поголем бројот на пловила
-
М. Брод ќе биде првата општина која што ќе добие Дневен центар за активно стареење во рурална средина, во с.Самоков
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница