ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Груби не можат да убедат 10 свои пратеници да гласаат за уставни измени
Ковачевски и Груби не можат да убедат 10 свои пратеници да гласаат за уставни измени, паника во Владата.
Ковачевски не кажува дали 3 пратеници СДС од 1 и 2 изборна единица кажале дека нема да поддржат вакви уставни измени.
Ковачевски молчи и дали 6 пратеници од внатрешноста му кажале дека гласањето на уставните измени е најлошата работа која Владата може да ја направи.
Ковачевски знае дека нема поддршка за своите политики.
Во СДС има луѓе кои ја сакаат државата, и не се спремни на отстапките и лоши политики кои ги води врвот на партијата. Ковачевски го знае ова и затоа е голема и паниката.
Уште поголема е паниката, затоа што и еден пратеник на ДУИ побарал пари за да гласа за уставни измени.
Ковачевски и Груби се соочуваат со реалноста, ветија работи спротивни на народната волја, и сега ги гледаат последиците.
Ново на Сител
-
Зголемена потрошувачка на вода во Струмица, 195 литри се трошат во секунда
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Анита Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино