ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е урнисувач, училишната зграда во македонското село Подвис се распаѓа и тоне
Во сеопштата катастрофа што ја предизвикаа во изминатите 7 години откако владеат со Македонија, владата на СДСМ и ДУИ, најпосветено во континуитет удира по столбовите на македонската државност.
Откако продадоа сѐ што може да се продаде како национална вредност и откако се откажаа од сите национални атрибути, преостана да удрат по живите сведоштвата кои се најголемиот доказ за македонскиот историски, национален и јазичен континуитет.
Најеклатантен пример можеби е училишната зграда во македонското село Подвис, каде во 1943 година за прв пат започнува да се изучува македонскиот јазик во оваа ослободена од фашистите територија.
Овој споменик на културата, за жал и срам на власта, оставен на заборавот се распаѓа и тоне, со себе урнисувајќи ја целата народна меморија за овој настан.
Потписот на урнисувачот е јасен и лесно препознатлив. Тоа е Димитар Ковачевски.
Меѓутоа, како и за сѐ во животот, многу брзо доаѓа заслужената казна за ненародната власт на СДСМ.
Изборите се на прагот, а народот силно ќе го осуди ова злосторство кое им го приреди СДСМ и Ковачевски.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-

ДДВ за горивата од 18% на 10%
-

Мерките од Владата не се доволни – ефект ќе дадат мерките предложени од СДСМ
-

Часовникот отчукува: Трамп му постави ултиматум на Техеран – имаат помалку од 48 часа
-

Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите на обвинителите, но се вработуваат нови 200 судски соработници
-

“Брзи прсти” за добивање термин кај специјалист
-

Спречен сомнителен увоз на месо од Парагвај и ореви од Казахстан
-

Браната на р.Отиња во завршна фаза - Николовски на увид
