ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ и Левица е против нови градинки, улици и училишта во Аеродром
Коалицијата СДС, ДУИ и Левица функционира и во општина Аеродром, не го поддржаа буџетот кој носи нови градинки, училишта, паркови и улици.
Коалицијата СДС, ДУИ и Левица чиј лепак се тендерите и матни зделки се против развојот на општина Аеродром.
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата сами го донесоа буџетот за 2023 година, со кој ќе се овозможи изградба на нови градинки, училишта, паркови и улици, а кои ќе бидат новиот лик на Аеродром.
Буџетот на општина Аеродром за 2023 година е развоен, во кој е предвидени изградба на низа инфраструктурни објекти, капитални инвестиции и поддршка за граѓаните.
По носењето на Буџетот, градоначалникот на општина Аеродром и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцински, кажа дека како прв човек на општината, се радува што следната година ќе продолжат важните и клучни проекти кои се започнати оваа година, а со што се остварува континуит во развојот на општината Аеродром како урбана, спортска, модерна и зелена општина. Нови градинки, нови плоштади, училишта и паркови – ова ќе биде новиот лик на Аеродром во 2023 година, заклучи тој.
Со Буџетот е предвидена и поддршка за ранливите категории граѓани, ќе се субвенционира спортот, ќе се вложува во неговиот развој и ќе се инвестира во проекти за секое населено место и за сите возрасни групи.
Градоначалникот Муцунски изрази благодарност до Претседателот на Советот, Дејан Митески и до сите членови на Советот за поддршката и соработката во 2022 година.
И во 2023 година како и во 2022 година, потребите и барањата на граѓаните ќе бидат приоритет во работата на општина Аеродром.
Ново на Сител
-
Претседателката на Судски совет, Весна Дамева, си поднесе неотповиклива оставка
-
Запален објект и три автомобили во Куманово,албанската опозиција ја повика меѓународната заедница да реагира
-
Верските лидери со заеднички апел до граѓаните за смиреност и соживот
-
Не само во Челопек министерката Јанева најави вонредни инспекции и во други училишта каде деца носеле симболи на УЧК
-
Струјата нема да поскапи повеќе од 1%, еден час плус дневна евтина тарифа засега ќе нема
-
Словенија бара 5.000 работници од Македонија
-
Постапка за Екс директор
-
Респираторните инфекции ги полнат педијатриските амбуланти и клиниките!