ВМРО-ДПМНЕ: Ќе собираме 150.000 потписи за референдум за да ја спречиме асимилацијата и бугаризацијата
ВМРО-ДПМНЕ ќе собира 150 илјади потписи за референдумско изјаснување на граѓаните со цел спречување на асимилацијата и бугаризација на македонскиот народ и држава.
Македонската јавност вчера по потпишувањето на Протоколот помеѓу Македонија и Бугарија конечно имаше можност да ги види предавства на Ковачевски, Османи и Маричиќ.
Граѓаните имаат право да го дадат своето мислење, а со тоа да го искажат својот став во однос за овој дипломатски нокаут од трана на оваа ненародна власт предводена од предавникот Ковачевски.
Граѓаните ќе го кажат својот став во однос дали ги поддржуваат оваа рамка и протокол кои значи менување на историја, учебници, култура и идентитет на државата и македонскиот народ.
Референдумското гласање од страна на граѓаните не значи и повлекување од блокадата на ВМРО-ДПМНЕ и пратениците од коалицијата на уставните измени, туку напротив и покрај блокадата на уставните измени граѓаните ќе имаат можност да го кажат своето мислење дали се ЗА или ПРОТИВ ова предавство од антидржавната СДС и предавникот Ковачевски.
Овие предавства нема да останат неказнети. Предавникот Димитар Ковачевски ќе одговара за ова злодело кое и го прави на државата и македонскиот народ.
Долу влада, УА за предавниците.
Ново на Сител
-
Докторка уапсена за поткуп
-
Тема на денот со професорот Лазар Јовески
-
Нема вода во делови од Скопје, Водовод алармира за енормна потрошувачка
-
Истражните органи бараат докази за дивоградби во Чаир, Сарај, Кисела Вода и Аеродром
-
Поради дивоградбите, Ганиу може да ја изгуби поддршката на Вреди за нов мандат
-
Поставен камен темелникот на ветерниот парк Штип, инвестиција од над 500 милиони долари
-
НБРМ ги намали надоместоците за банките, се чека тие да ги спуштат тарифите за граѓаните и фирмите
-
Висок ризик за пожари во цела држава: Како функционира Македонскиот информативен систем за шумски пожари?