ВМРО-ДПМНЕ: Ќе предложиме нов закон за СЈО, ќе има одговорност за секоја злоупотреба
СДСМ паѓа. Власта е уплашена и затоа прибегнува кон притисоци, закани и шиканирања.
Заев е на пат да ја загрози и европската иднина на државата. Оваа влада нема капацитет да спроведе реформи, затоа и не се почнати преговори со ЕУ.
Зоран Заев се што вети излажа. Вети метла, а по метлата се остана исто, само Тевдовски го нема.
Граѓаните не видоа ништо позитивно со оваа власт. Земјоделците го фрлаат својот род, образованието е деградирано, здравството е уништено.
Правниот систем е уништен.
ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нов закон за СЈО кој е во склад со европското право и препораките на Европскиот суд на правдата.Правосудните институции не смеат да се користат за политичка пресметка.Одговорност за секоја злоупотреба ќе има.
ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати правната држава и владеењето на правото. По победата на изборите од страна на ВМРО-ДПМНЕ ќе отпочне ослободувањето на Македонија од овој вистински режим.
Ново на Сител
-

Над 200 корисници преку проектот ТРАНСАКТ добиле бесплатни интегрирани социјални услуги и здравствени услуги
-

Штип очекува 1 милиони евра од данок на имот за 2026-та
-

Преглед на вестите од светот
-

Евакуација на македонските граѓани
-

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење
-

Земјоделците: Државата ни должи над 100 милиони евра субвенции
-

Опозицијата не дојде на расправа за реформски закон
-

Тема на денот со Вивиен Ајсен, амбасадорка на Израел во Македонија

