ВМРО-ДПМНЕ: Каевски демонстрираше како Мали Ѓокица подразбира институции, држава и демократија
Дарко Каевски на интервјуто демонстрираше како Мали Ѓокица подразбира институции, држава и демократија. Впрочем тоа е типичен пример за тоа како цело СДС се однесува кон политичките процеси во Македонија.
Се однесуваат како државата да им е приватна своина, прават катастрофални грешки, а кога ќе ги направат грешките бараат другите да се помират со тоа или пак ги обвинуваат тие кои не размислуваат како нив.
Каевски срамно правдаше газење и кршење на Деловникот во Собранието. Каевски не даде одговор зошто ја монопилизирале декларацијата за Илинденското востание и не побарале мислење од други со цел да се изготви подобар текст. Каевски не кажа ни збор за негаторските пораки од Бугарија кои во континуитет пристигаат.
И тој како и неговиот лидер Ковачевски се служат со празни флоскули. Тоа само покажува со какви капацитети располага СДС која од голема партија, се претвори во приврзок партија која измеќари за некој месец повеќе на власт.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Гвардиола „тргнува“ по нов играч
-
Силекс со „петарда“ до првите три бодови
-
Нетанјаху е јасен - не сака преговори за делумен прекин на огнот
-
Франција погодена од топлински бран со „историски интензитет“
-
Фицо: Западот ја искористи Украина во обидот да ја ослаби Русија
-
По вербална расправија со нож му нанел четири убодни рани, приведен 32-годишник од Виница
-
Затворен за сообраќај патот од Брезница преку НП „Јасен“ до Македонски Брод
-
ЦУК: Активен пожар во Македонски Брод, еден под контрола, 14 изгаснати